Превенција на кражби во згодна прилика и превенција на несреќи на капалиштата на охридското крајбрежје, се теми на состанокот што денес ќе се одржи во малата сала во општина Охрид.
На состанокот ќе бидат присутни претставници од СВР Охрид, Езерската полиција, Капетанија Охрид, ОО „Црвен крст“ Охрид, концесионери на плажи, претставници од јавното претпријатие за паркинг услуги и други.