Пет полицајци убиени од снајперски истрели во Далас

Синоќа во Далас, за време на протестите убиени се пет полицајци, а повеќемина се ранети откако неколку снајперисти отвориле оган врз полицијата која ги обезбедуваше протестите.

Приведени се неколку лица, но засега нема информации за мотивите за нападот.

Протестите беа одржани во знак на револт, откако беа убиени двајца Афроамериканци од страна на полицијата во Луизијана и Минесота.

WebOhrid