Свикана педесет и седмата седница на Советот на Општина Охрид

Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општината Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007), Претседателот на Советот донесува:

Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА ПЕДЕСЕТ И СЕДМАТА СЕДНИЦА
НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

ЈА СВИКУВАМ педесет и седмата седница на Советот на општина Охрид на ден 11.07.2016 година (понеделник) со почеток во 11,00 часот.

Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.

За седницата го предлагам следниот :

Д Н Е В Е Н Р Е Д

Усвојување на Записник од 55-тата седница

1. Предлог Одлука за усвојување на Елаборатот за проценка на штети од земјотрес настанати на подрачјето на општина Охрид на ден 21.05.2016 година.

2. Предлог Одлука за утврдување на надоместок за поставување на инсталации во трупот на патот, патниот и заштитниот појас, прекумерно користење на патот и вонреден превоз.
3.Предлог Одлука за усвојување на Годишната Програма за поставување времени објекти во општина Охрид за 2016 година.

4. Предлог Одлука за утврдување на цени за поставување времени објекти во општина Охрид.

5. Предлог Одлука за измена и дополнување на Одлуката за усвојување на годишната програма за поставување на урбана опрема во општина Охрид за 2016 година.

6. Предлог Одлука за исправка на Одлуката за донесување детален урбанистички план за 6-та УЗ, дел од УБ 6.1 – опфат 1 Охрид, општина Охрид, плански период 2014 – 2019.

СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Претседател
Гордана Коњановска