Советот на општина Охрид, на денешната седница ги прифати предложените одлуки за усвојување на Елаборатот за проценка на штети од земјотрес настанати на подрачјето на општина Охрид на ден 21.05.2016 година, за утврдување на надоместок за поставување на инсталации во трупот на патот, патниот и заштитниот појас, прекумерно користење на патот и вонреден превоз, за усвојување на Годишната Програма за поставување времени објекти во општина Охрид за 2016 година, за утврдување на цени за поставување времени објекти во општина Охрид, за измена и дополнување на Одлуката за усвојување на годишната програма за поставување на урбана опрема во општина Охрид за 2016 година и за исправка на Одлуката за донесување детален урбанистички план за 6-та УЗ, дел од УБ 6.1 – опфат 1 Охрид, општина Охрид, плански период 2014 – 2019 година.