Вчера, во просториите на Обединетите Нации во Виена, министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети оствари средба со генералниот директор на Организацијата за индустриски развој на Обединети Нации (УНИДО), Ли Јонг.
На средбата се разговараше за досегашната успешна соработка помеѓу Министерството и УНИДО, како и за идните заеднички активности на овие две институции. Генералниот директор Јонг во разговорот ги истакна тековните заложби на Обединетите Нациии и УНИДО во делот на индустрискиот развој и идините чекори во остварување на Целите за одржлив развој на Обединетите Нации. Од друга страна министерот Амети, изразувајќи голема поддршка, желба и воља за заедничко вложување кон остварување на целите за одржлив развој на Обединетите Нации, ја истакна подготвеност на Министерството за животна средина и просторно планирање за зацврнување на соработката.
Исто така, се разговараше и за потребата да се идентификуваат националните и регионалните приортети за идни проекти поддржани од програмата на ГЕФ во делот на подобрување на индустрискиот и економскиот развој во државата.
Се разговараше и за тековните проекти на Министерството и на УНИДО во нашата држава, при што посебен акцент беше ставен на два позначани проекти. Во однос на проектот: „Отстранување на техничките и економските бариери за започнување на ремедијацијата на локациите контаминирани со α- HCH, β- HCH и линдан во ОХИС“ се дефинираа идните чекори во реализација на проектот. Што се однесува до проектот подржан од УНИДО и РЕЦ “Поттикнување на пазарната трансформација за енергетска ефикасност во индустријата и забрзување на инвестициите во најдобри практики и технологии“ исто така се зборуваше за подобрување на имплементацијата на проектот но и за подобра координација на надлежните институции.
Заеднички беше ставот дека Министерството и УНИДО имаат добра соработка во остварувањето на заедничките развојни интереси, при што секогаш се следат правилата и се почитуваат националите политики