ФФМ донираше 2000 топки

Фудбалската федерација на Македонија донираше вкупно 2000 фудбалски топки за настап и за тренинзи на прволигашите, второлигашите, третолигашите и на клубовите кои се натпреваруваат во општинските лиги.  Топките се од деловниот партнер “Пума” со кои настапува македонската репрезентација.

До крајот од месецот, од програмата за развој на младинскиот фудбал, Фудбалската федерација на Македонија  ќе донира топки и спортска опрема за сите екипи кои се натпреваруваат во младинските лиги во организација на ФФМ. Со таа донација, ќе се доделат уште 2000 топки и спортска опрема за речиси 200 екипи.