Кошаркарската репрезентација ги започнува подготовките

Најдобрата македонска кошаркарска репрезентација денес со премиерниот тренинг во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ ја започнува акцијата за пласман на уште едно големо натпреварување Еуробаскетот во 2017 година.

Селекторот Драган Раца првата прозивка на репрезентативците ќе ја направи денес во 19 часот во малата сала во СЦ „Јане Сандански“ со што ќе биде означен официјалниот почеток на подготовките за евроквалификациите.

Во Скопје во СЦ „Јане Сандански“ кошаркарите ќе имаат по два тренинга на ден.

Првите тест натпревари нашите најдобри кошаркари ќе ги имаат од 5 до 7 август против националниот состав на Бугарија на гостински терен.

Потоа избраниците на Раца продолжуваат со тренинзите во Скопје и на 17, 18, и 19 август ќе бидат домаќини на Трофејот Македонија кој ќе се игра во Скопје.

Последнте контролни средби пред стартниот квалификациски натпревар против Луксембург на 31 август, македонските кошаркари ќе ги имаат во Љубљана од 22 до 25 август против најдобрата репрезентација на Словенија. Потоа црвено-жолтите се враќаат во Скопје на завршните тренинзи пред почетокот на квалификациите на 31 август.

По премиерата против Луксембург на 31 август, нашите сениори на 3 септември гостуваат во Велика Британија, на 7 септември во Кавадарци сме домаќини на Унгарија, три дена подоцна на 10 септември на гостински терен играме повторно со Луксембург, на 14 септември во салата Јасмин во Кавадарци гостува селекцијата на Велика Британија, последниот квалификациски натпревар црвено жолтите ќе го одиграат на гости кај Унгарија на 17 септември, каде се надеваме ќе го прославиме пласманот на Евробаскетот во 2017.