Повторен Конкурс за идејно архитектонско решение за административен деловен објект со музеј и одделен клуб-ресторан за МОК

Македонскиот олимписки комитет денес (21.7.2016) распиша повторен конкурс за идејно архитектонско решение за административно деловен објект со музеј и одделен клуб-ресторан за Македонскиот олимписки комитет, со следниот текст:

1. Набавувач на Конкурсот е Македонскиот Олимписки Комитет

2. Предмет на Конкурсот е Изработка на идејно архитектонско решение за посебен административно деловен објект со музеј и посебен клуб-ресторан за Македонскиот олимписки комитет (МОК)

3. Опис на проектот: Учесниците на Конкурсот потребно е да достават идејно архитектонско решение за објектите со следната содржина:

  • Ситуација со поширока околина 1:500
  • Силуети 1:500
  • Решение на партер со поширок опфат 1:500
  • Партерно решение 1:200
  • Сообраќајно решение и шема на пешачки пристапи 1:200
  • Основи (основи на нивоа, меѓукатови, галерии и мезанини, технички катови и сл.) 1:200
  • Вертикални пресеци (сите карактеристични подолжни и попречни пресеци со кои ќе бидат опфатени сите специфични, функционални и конструктивни елементи) 1:200
  • Изгледи-фасади, вклучувајќи ја и петтата фасада 1:200
  • Тродимензионални прикази
  • Анализи со шема на распоред на содржините/функциите, нивно повеќенаменско користење и комуникациска поврзаност
  • Објаснувачки скици и цртежи
  • Текстуален опис на проектното решение и неговите специфики со табеларен приказ на бруто и нето површини
  • Фотографии од макета или виртуелен модел
  • Дигитален запис (CD или DVD) на сите наведени прилози во PDF, DWG, I JPG формат

4. Конкурсните материјали и целата коресподенција поврзана со Конкурсот се пишуваат на Македонски јазик, а за странски правни и физички лица на македонски и англиски јазик. Конкурсните документи, односно графички прилози може да бидат и на друг јазик, поинаков од македонскиот, под услов да се придружени со точен превод на македонски јазик. Толкувањето на Конкурсот ќе биде на македонски јазик.

5. Конкурсот е јавен и анонимен. Право на учество на овој Конкурс имаат домашни и странски правни лица регистрирани за вршење на дејност на овој Конкурс и домашни и странски физички лица – дипломирани инженери архитекти.

6. Секој од учесниците има право да учествува со по еден труд

7. Краен рок за предавање на конкурсните трудови е 21 Октомври 2016 година до 12.00 часот, во просториите на МОК (Булевар Кузман Јосифовски Питу бр.17, 1000 Скопје) или на е-маил: mok@mok.org.mk

8. Оценувањето на трудовите ќе го врши жири-комисија, врз основа на критериумите за оцена на трудовите. Членовите на оценувачката комсија, секретарот и известителот немаат право на учество во Конкурсот.

9. Критериуми за избор на најдобар проект се:

  • Почитување на општи архитектонско-урбанистички услови пропишани со ДУП на општината (градежна и регулациона линија, височината на објектот и др.)
  • Почитување на стандардите и нормативите за проектирање за овој тип на објекти
  • Потполно задоволување на условите од Конкурсот
  • Целосната застапеност на програмската содржина
  • Креативност и инвентивност на понудените решенија
  • Оригиналност
  • Успешност во воспоставувањето на новиот архитектонски контекст и дооформување на постоечкиот
  • Функционална и просторна структуираност како одговор на содржинските и функционалните барања на распишувачот
  • Форма произлезена од влијанијата на контекстот
  • Флуидност и транспарентност (во смисла на посетување, користење и напуштање на објектот со посебен третман на пристапноста на лицата со посебни потреби)
  • Современ третман на објектите соодветно на функцијата
  • Можност за спонтано интегрирање на надворешниот со внатрешниот простор
  • Примена на современи материјали
  • Ефикасно природно осветлување, заштита од светлина и топлина
  • Енергетска ефикасност
  • Сеизмичка стабилност
  • Изводливост
  • Економичност

10. Доколку пристигнатите трудови ги задоволуваат пропозииците на Конкурсот ќе се доделат следните награди и откупи во нето износ:

  • 1 награда 100.000,оо денари
  • 2 награда 60.000,оо денари
  • 3 награда 30.000,оо денари

11. Жири комисијата ќе го изврши оценувањето и ќе ги објави резултатите од Конкурсот во рок од 10 (десет) дена од денот на завршувањето на Конкурсот.

12. Потребната документација за Конкурсот може да се подигне во просториите на МОК (Булевар Кузман Јосифовски Питу бр.17, 1000 Скопје) или на е-маил: mok@mok.org.mk .

13. За дополнителни информации заинтересираните може да се обратат секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот на тел: 02/2462506 или на е-маил: mok@mok.org.mk