За време на работната посета на САД, во Њујорк во седиштето на ООН министерот Зоран Јолевски оствари работна посета на Одделот за мировни операции. Домаќин му беше потсекретарот на ООН и шеф на Одделот за мировни операции, Херве Ладсоус.
На средбата министерот Зоран Јолевски го информираше г-динот Ладсодус дека во рамките на министерството за одбрана сериозно се размислува за зголемување на учеството на АРМ во мировните операции и давање на поголем придонес кон светскиот мир. Г-динот Ладсоус срдечно ја поздрави оваа иницијатива и ги понуди сите капацитети на Одделот за мировни операции на ООН на располагање како помош за Армијата на Република Македонија и Министерството за одбрана при планирањето, донесувањето на одлуките и во подготовките за распоредување на македонски контингент во дел од постоечките мировни мисии на ООН.
Дополнително, министерот Јолевски размени дел од своите идеи околу регионалните иницијативи во доменот на мировните операции кои беа силно поддржани од страна на г-динот Ладосус. Министерот Јолевски информираше дека Македонија од септември ќе биде домаќин на Штабот на Балканските медицински сили, како и за тоа дека е кандидат за седиште на штабот на SEEBRIG, бригадата на Југоисточна Европа. Двајцата соговорници ја завршија средбата со заклучок дека изнесените идеи имаат сериозен потенцијал за натамошно унапредување на соработката.