Изминатиот викенд, на 23 и 24 јули, на плоштадот „Крушевска Република“ во Охрид, во организација на ИФФОМ (Интернационални Фолклорни Фестивали, Охрид – Македонија) во соработка со ДМКН „Александар Македонски“, беше одржан Интернационалниот фолклорен фестивал „Александар Македонски“.
Охрид беше домаќин на повеќе странски групи од различни држави. На овој интернационален фестивал учествуваа групи од Македонија, Полска, Словачка, две групи од Србија, две групи од Бугарија и две групи од Романија. На фестивалот имаше околу 360 учесници кои продефилираа низ Охридските улици.