Државната изборна комсија утре на својата веб-страница ќе ги објави имињата и презимињата на спорните 39.502 гласачи и тие ќе имаат рок од 25 дена да се запишат на избирачкиот список, одлучи Комсијата на денешната седница.
Запишувањето ќе се врши лично, со приложување на важечка лична карта или пасош во подрачните канцеларии на ДИК и во канцелариите на Управата за водење матични книги, а на веб-страницата на ДИК ќе биде поставена и апликација за електронско пријавување.
Пријавувањето ќе трае до 19 август, секој ден во периодот од 8.30 до 19 часот.
По истекот на овој рок, ДИК ќе има уште 10 дена на располагање за да може да направи дополнителни контроли или лично да контактира со гласачите.
Доколку лицата не се пријават електронски или лично во предвидениот рок, нема да бидат запишани во избирачкиот список, но ќе добијат уште една шанса за пријавување за време на јавниот увид на избирачкиот список пред предвремените парламентарни избори.
Извор: meta.mk