Пронајдена мртва 35 годишна холанѓанка во комплексот „Свети Стефан“ во Охрид

Вчера во 18:35 часот во СВР Охрид, лекар од Итна медицинска помош Охрид пријавил дека во комплексот Свети Стефан непознато женско лице не давало знаци на живот.

Истото со возило било префрлено во Центарот за кардиоваскуларни болести во Св.Стефан каде доктор констатирал смрт над лицето без видливи траги на насилство. Увидна екипа екипа на СВР Охрид бил извршен увид на местото на настанот и било констатирано дека се работи за Ф.С. (35) од Холандија, која престојувала во хотел заедно со нејзиниот сопруг Д.Х.Х. (43) од Холандија.

По наредба на Јавен обвинител бил извршен увид и во собата во која престојувала починатата. Во текот на денешниот ден над телото на починатата ќе биде извршена обдукција во Медицински центар Битола, Оддел за судска медицина.