Концерт на Камерниот оркестар на музичката младина на Македонија, вечерва во рамките на фестивалот Охридско лето. Камрниот оркестар ќе настапи под водство на диригентската палка на Саша Николовски-Ѓумар.
Маестро Саша Николовски-Ѓумар се смета за еден од најдобрите македонски диригенти. Работел со речиси сите македонски ансамбли. Оркестарот на Македонската филхармонија, Оркестарот на Македонската опера и балет, Младинскиот камерен оркестар на музичката младина, Хорот и оркестарот на факултетот за музичка уметност во Скопје и др.
Камерниот оркестар на музичката младина на Македонија е основан пред точно 30 години, во 1986. Овој ансамбл е составен претежно од студенти на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а често во него членуваат и млади музичари од други земји. Досега има реализирано повеќе од 90 концерти, со голем број диригенти и солисти од земјава и светот.
Концертот на камерниот оркестар ќе биде во црквата Св. Софија со почеток во 21 часот.