Шпанска вечер на „Охридско лето“

„Пијано 4 раце” од Шпанија, вечерва во рамките на фестивалот Охридско лето. Двојката пијанисти Карлес Лама и Софија Кабруха, во светот се познати по неверојатната синхронизираност, брилијантната техника, како и одличното познавање на сите жанрови во уметничката музика.

Пијанистите Кабруха и Лама се познати по неверојатната синхронизираност, брилијантната техника, како и одличното познавање на сите жанрови во уметничката музика. Заедно музицираат уште од 1987 година. На нивниот репертоар се наоѓаат речиси сите големи дела за четирирачно пијано, уште од времето на Јохан Себастијан Бах, па сè до делата од 21-виот век, како и дела специјално компонирани за низ. Нивната активна изведувачка дејност ги носи на најпрестижните музички сцени, каде често соработуваат со некои од најзначајните светски оркестри и диригенти.

На програмата на вечерашниот концерт со почеток од 21 часот се дела на М. Мошковски, Д. Басомба, Е. Гранадос.