Викендов на плоштадот „Крушевска Република“, во организација на ИФФОМ (Интернационални Фолклорни Фестивали, Охрид – Македонија) во соработка со КУД „Охриѓанка“, беше одржан Интернационалниот фолклорен фестивал „Охридски Бисер“.
Охрид беше домаќин на повеќе странски групи од различни држави. На овој интернационален фестивал учествуваа групи од Македонија, Бугарија, две групи од Израел и две групи од Турција. На фестивалот имаше околу 280 учесници кои продефилираа низ Охридските улици.