Концерт на пијанистката Ана Виницкаја од Русија вечерва на „Охридско лето“

Во рамки на програмата на фестивалот „Охридско лето“, вечерва, во 21 часот, во црквата „Св. Софија“, концерт ќе одржи пијанистката Ана Виницкаја од Русија.

На програмата ќе бидат дела од Р. Шуман, Ј. Брамс и Ф. Шопен.

Со своите многубројни концерти низ св етот, пијанистка Ана Виницкаја стекнала углед на исклучителен пијанист. Своето образование го започнува под менторство на своите родители-пијанисти, а подоцна се запишува на Конзерваториумот „Сергеј Рахмањинов“ кај видни професори од оваа област, меѓу кои и познатиот руски пијанист – Евгениј Королиов. Како солист редовно настапува со некои од најреномираните оркестри во светот, а соработувала и со голем број еминентни диригенти. Добитник е на бројни награди на национални и интернационални натпревари, а во својата биографија впишува и повеќе награди за компакт-дисковите кои ги има издадено, меѓу кои и престижната награда „Еко Класик“ (Echo Klassik) во 2011 година.

VinnitskayacGela_MegrelidzeNaive-274x300_cr