Заев: Следува значајно време, промените ќе донесат просперитетна иднина за младите во Македонија

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев при неговата посета во Струга, во изјава за медиумите истакна:

„Денеска сме во посета на Струга и на стружани. Целта е да се видиме со граѓаните, да разговараме за проблемите со коишто се соочуваат, секојдневијата наши, маките и мачниот живот којшто се живее.

Но, секако покрај тоа што ќе поразговараме и да понудиме решенија за тоа што се случува во Македонија.

Струга е еден од регионите наши којшто е заборавен од оваа власт. Останаа основни работи на граѓаните, коишто се наше секојдневие, голем дел од нив врзани за нашите деца, не завршени заради тоа што парите отидоа во споменици и мал милион други глупости.

Денеска децата во Струга не знаат дали ќе почне школската година со струја во училиштата. Урнисани се условите комплетно во самите училишта, во болниците, во здравството, полициската станица мора да се реновира, градскиот базен е заборавен и го аби времето.

Има повеќе населени места без канализациони системи.

Овие се секојдневни актуелни проблеми коишто го создаваат аспектот на живот на граѓаните. Не можат да останат заборавени.

Новата власт предводена од СДСМ, од декември натаму, после изборите има намера конкретно да се втурне во решавање на вистинските проблеми на граѓаните.

Најзначаен дел од она на коешто ќе се посветиме се младите и квалитетно платените нови работни места.

Конечна цел е да создадеме услови кадешто младите ќе бидат мотивирани да останат овде. Целиот ангажман ќе биде насочен сите млади луѓе да бидат веднаш најбрзо обезбедени со работа и тоа квалитетна работа. Целта е да ги задржиме младите овде, ако даде Господ и да ги вратиме оној огромен процент на млади луѓе кои заминаа.

Во делот на Струга мораме целосно да ги реновираме училиштата. Финансиски преку блок дотациите да помогнеме на опшините да можат редовно да се плаќаат сметките за струја, за вода, за превозот, за греењето коешто и денеска е проглем во Струга.

Целосна реконструкција на болницата. Мораме да го реконструираме градскиот базен и тоа целосна реконструкција и модернизација на базенот. Зборуваме за Струга кадешто еден од важните спортови, пливањето, потекнува токму од овде и е еден од најзначајните региони токму по овој спорт.

Целосно ќе го заокружиме колекторскиот систем во Радожда и Вранешта. Ќе изградиме канализациони системи и водоводни системи со секое населено место кадешто денеска тие не постојат.

Дримколскиот крај е целосно запоставен. Направено е едно игралиште коешто и не се употребува.

Конечна цел е, еве и тоа што е направено од власта, во делот на спортските објекти го поздравуваме, какво-такво е направено, дадено е на концесии на секакви луѓе. Секако постојат и чесни исклучоци. Конечна цел е да инвестираме во спортот. Да инвестираме во младите да спортуваат и да ги наполниме тие сали и игралишта коишто постојат во Македонија.

Конкретно со финансиска поддршка и преку мотивација на бизнис секторот да направиме амбиент да секој млад човек спортува. Да создадеме услови кадешто обврска на секој родител ќе биде неговото дете да спортува одреден спорт. Да биде пуштен да тренира, не мора да стане професионален спортист, но барем да рекреира бидејќи тоа е многу важно и за здравјето и за целокупниот дух на живот на малдите генерации.

Спортот е важна гранка од нашето секојдневие и тој мора секако да биде поддржан покрај сите други важни аспекти коишто се секојдневие на граѓаните.

Струга е исто така симболот на мултиетничкиот соживот во Македонија. Тој мора да биде унапреден. Социјалдемократскиот сојуз ќе гради едно општетство на рамноправни граѓани кадешто ќе зборуваме за проблемите на граѓаните, а не за проблемите на Албанците, на Турците, на Македонците, на Ромите.

На граѓаните, подеднакво. Да се решаваат проблемите, да ги надминеме сите овие предрасуди коишто постојат и заедно да се бориме за поквалитетен економски живот на сите наши граѓани.

Јас сум убеден дека сите граѓани поминавме еден многу тежок период кадешто сиромаштијата беше се поизразена, кадешто е болката од оваа миграција, преку 600.000 пред се млади луѓе, којашто претставува потврда за сите лоши политики на оваа власт. Таа болка пополека ќе одминува од нашата Македонија. Затоа што редот е да живееме со децата околу нас, да се раѓаат внуци околу нас и да го создаваме амбиентот на живот околу нас колку што е можно поквалитетен.

Јас се надевам дека секој граѓанин ја чувствува својата обврска кон својата татковина.

Следува значајно време кадешто секој треба да се вложи максимално и да придонесе кон промените. Затоа што со тоа ќе придонесе кон убава, квалитетна и просперитетна иднина на сегашните и идните генерации, граѓани на нашата Македонија.“- рече Заев.

Одговори на новинарски прашања

Медиуми: Бидејќи ДПА и ДУИ најавија дека нема да предложат свои кадидати во ова Ад Хок тело и како го коментирате тоа? И дали евентуално СДСМ би предложил кандидат Албанец?

Заев: Имаме преку дваесетина кадидати пријавени на конкурсот. Сакаме да го направиме тоа на најтранспарентен начин, на начин на којшто ќе покажеме поразличност од власта. Нашата цел не е партиите да поставуваат луѓе. Испративме апел до експерти и професионалци да се кадидираат на овој конкурс. Овие денови се веќе изградени критериумите согласно искуството, согласно професионалното ангажирање на овие луѓе коишто конкурирале на конкурсот за да можат да ја извршат мониторинг функцијата коешто Ад-хок телото ќе ја има. Најавено беше дека може да остане на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ да ги предложат тие кандидати, два од СДСМ, два од ВМРО-ДПМНЕ како предлагачи. Но секако во делот на експертите. Ние мораме да водиме грижа да бидат пред се професионалци луѓе, затоа што многу е важно избалансираното медиумско престатвување, професионалните стандарди, етичкиот кодекс, ширењето на омраза да застане, демонизацијата врз опозицијата пред се да заврши и сл.
Од тој апсект сите консултации ќе ги направиме до крајот на оваа седмица и верувам дека со двете имиња ќе излеземе како предлог. Драго ми е што и помеѓу кандидатите има и од помалите етнички заедници и Албаци и Турци. Се надевам дека рангирањето ќе придонесе да имаме и мултиетнички предлози на еден начин ако може така да се каже. Затоа што треба да оставиме после тоа и доволно време четворицата избрани кандидати да седнат и да го најдат петтиот. Петтиот исто така може да биде најден ако е професионалец и експерт. Јас верувам во независноста на тоа тело коешто ќе има сериозен придонес кон подобрување на медиумската состојба во тие 100 дена, но и да испрати поинаква порака дека може поинаку со медиумите во Р.Македонија.
Гледам дека некои провладини медиуми се обидуваат да шпекулираат кој ќе предлагал два, кој три и како ќе дошле предлозите. Најверојатно боли извесноста дека сакаат или не сакаат состојбите во медиумите мора да се променат.
Медиумите се една од најголемите слабости во Р.Македонија и тоа мора да се случи. Јас се надевам дека првиот исчекор Македонија ќе го направи преку ад-хок телото и преку главниот уредник којшто од делот на експертите треба да биде предложен од опозицијата.

Медиуми: А како го коментирате тоа што ДУИ И ДПА се повлекуваат од предлози? Што нема да предложат?

Заев: Во делот на отворањето на ова прашање беше инсистиран од страна на СДСМ. Другите тројца партнери во преговорите, трите политички партии не инсистираа односно не сакаа некаков вид на промени да се случат и претпоставувам дека и заради тоа е незаинтересираноста на ДУИ и ДПА. Верувам дека другата причина ако би постоела веруваат дека СДСМ водејќи грижа за експертското поставување на тие луѓе ќе ја заштити и нивната потреба во делот на мониторингот на медиумите.

Медиуми: Само уште едно прашање. До колку очекувате да се спушти бројката на спорни гласачи, бидејќи таа беше околу 40 илјади, веќе има пријавување на граѓани, значи до колку очекувате да дојде таа бројка?

Заев: Благодарам на прашањето, навистина една од дилемата којашто е отворена после гласањето на законите, треба да знаат граѓаните што во суштина е целта на СДСМ и на опозицијата барајќи прочистување на Избирачкиот список. Последниот извод на Избирачкиот спосок е 1 милион 804 илјади гласачи. Во Македонија сите знаеме дека нема повеќе од 1 милион и 600 илјади жители. Тоа што ќе се случи со прочистувањето на Избирачкиот список ќе ги отклони сите фалсификат можности коишто и требале на власта, односно коишто власта ги правела и евентуално би посакувала повторно да ги направи. Целосно нивно отстранување. 171 илјада и 500 гласачи се ставаат во вториот дел на Избирачкиот список, тие не го губат своето право на глас. Но, ставајќи ги во вториот дел на Избирачкиот список нашите членови на избирачките одбори и посматрачите веќе ќе очекуваат и ќе знаат дали Ѓоко е Ѓоко или Ѓоко е всушност Ванчо. Значи не може веќе никој повеќе да го краде идентитетот на нашите граѓани. Нашите претпоставки, согласно разговорите, се дека власта само користејќи го правото на нашинците коишто живеат надвор од Македонија, некои од нив се родени во Македонија, голем дел од нив да им кажете да ја покажат Македонија на глобусот, не знаат да ја покажат, но некој гласал овде. Таа можност ќе се отстрани. Тоа се десетици илјади гласачи коишто власта ги злоупотребувала.
Вториот дел се тие 39 илјади и 500 гласачи кадешто секако еден дел се гласачи коишто треба да бидат отстранети. Некаде 18 илјади од нив сите овие 25 години не аплицирале за било каков документ, од самостојна Македонија. Тие немаат право на глас, тие не постојат и тие треба да бидат отстранети. Огромен процент од нив исто така се фантомски гласачи односно гласачи кои по закон немаат право на глас. Од тој дел, еден дел ќе бидат потврдени заради тоа што 39 илјади и 500 излегува од „мечингот“ на базите коишто се на основа на прашања. Зборуваме за повеќе од 10 гласачи во еден објект, повеќе од 3 презимиња на граѓани коишто живеат во еден објект и така се погодила Најчевска, така се погодила не знам Шекеринска, сестрата на Радмила Шекеринска или Ерол Ризаов. Сите 39 илјади и 500 не се граѓани без право на глас, тоа е мал број којшто овде ќе се потврдат. Еден огромен процент којшто немаат право на глас согласно закон ќе бидат отстранети. Така да вкупната бројка на Избирачкиот список од 1 милион 804 илјади ќе биде намалена некаде помеѓу 1 милион е 530 илјади или 1 милион и 570 илјади гласачи. Тоа е веќе фер шанса да бидат отклонети сите проблематични ситуации и секој граѓанин да знае дека ќе има вредност неговиот глас. Кога ќе излезе да гласа никој нема да знае како гласал, а ќе влијае на иднината на Република Македонија.