Шкендија ќе игра против Гент во плеј-офот за Лигата Европа

Попладнево беа извлечени двојките за следната фаза од Лигата Европа, поточно паровите за плеј-офот кој претставува последна пречка пред групите во Лигата Европа.

Нашиот претставник Шкендија ќе игра против белгискиот Гент. Првиот натпревар ќе се игра во Белгија на 18 август, додека пак реваншот е по седум дена, на 25 август во Скопје.

WebOhrid