Социјалдемократскиот сојуз на Македонија попладнево реализираше хуманитарна акција за помош на граѓаните од погодените подрачјата во Скопје и скопско.
Поголема количина вода, храна, средства за лична хигиена и други неопходни производи денеска беа донирани за граѓаните од Стајковци.
СДСМ, преку своите Општински организации ширум Македонија, отвори пунктови за собирање на хуманитарна помош за жителите од погодените подрачја којашто континуирано ќе биде доставувана до граѓаните на коишто им е неопходна.
Во овие тешки моменти СДСМ повикува на граѓанска солидарност и взаемна помош за справување со тешките последици и санирање на штетите.