Одложени свеченостите по повод 1100 години од упокојувањето на Св.Климент Охридски

Денешните активности кои беа предвидени по повод одбележувањето на 1 100 годишнината од упокојувањето на Св. Климент Охридски се одложуваат поради трагичните настани со човечки жртви кои се случија во главниот град на Р. Македонија, Скопје и скопскиот регион за што е прогласен и ден на жалост.

Денеска на Плаошник со почеток во 19 часот ќе биде одржана само предвидената Богослужба.

Воедно, градоначалникот Никола Бакрачески и Општина Охрид изразуваат сочувство до семејствата на загинатите и до Општина Скопје за овие немили настани.