Свикана педесет и осмата вонредна седница на Советот на општина Охрид

Врз основа на член 39 и 40 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 и 31 од Статутот на општината Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007), Претседателот на Советот донесува:

Р Е Ш Е Н И Е

ЗА СВИКУВАЊЕ НА ПЕДЕСЕТ И ОСМАТА

ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

ЈА СВИКУВАМ педесет и осмата вонредна седница на Советот на општина Охрид, по предлог на Координаторот на советничката група „Сојуз на иднината“, на ден 08.08.2016 година (понеделник) со почеток во 13,30 часот.

Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.

За седницата го предлагам следниот :

Д Н Е В Е Н Р Е Д

1. Предлог Одлука за спроведување мерки и активности за помош до загрозените семејства и институции погодени од поплавите

СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Претседател
Гордана Коњановска