Членовите на ракометната школа „Седмерец“ донираа за поплавените подрачја во Скопје

Како е да се делува сплотено и во тим уште еднаш покажа младата ракометна надеж, односно членовите на Ракометната Школа „Седмерец“ од Охрид. Тие ја покажаа својата хуманост преку донации кои денес ги собраа на градскиот поштад.

„Многубројни граѓани изненадени од ваквиот чекот на Седмерчињата, исто така дадоа свој придонес и се приклучија на хуманитарната акција. Ваквата акција се спроведе со помош на ОО на Црвен крст Охрид, кој воедно сообраните средства ќе ги достави онаму каде што е најпотребно. Презадоволни сме што успеавме да поттикнеме да се развие чувството на хуманост кај нашите деца, членови на РШ „Седмерец““– вели проф.Катерина Стојаноска.