Со традиционалното фрлање на капите, вечерва, матурантите од ОСУ „Св. Климент Охридски“ го одбележаа свеченото доделување на дипломите. Свое обраќање пред матурантите имаше и градоначалникот Никола Бакрачески кој им порача:
„Она што сакам да ви го порачам, треба да запомнете дека личноста со која вие најдолго проведувате во вашиот живот, сте вие самите. Затоа научете да ја респектирате вашата личност и да се респектирате себе си, бидејќи доколку тоа не го направите секогаш ќе живеете со личност која што Вас не ви се допаѓа. Не дозволувајте буката на другите гласови да го замре вашиот сопствен глас. Имајте храброст да ги пратите вашите страсти, вашето срце и вашата интуиција. Немој да губите време да го живеете животот на други луѓе, бидејќи вашето срце и вашата интуиција знаат што вие навистина сакате да бидете и верувајте во вас. Верувајте во вашите потенцијали.“– порача Бакрачески.
Градоначалникот им посака да бидат свои, да го живеат својот живот и да живеат за она во што веруваат, да бидат успешни во својот живот и да им се оствари нивниот сон.
„Велат за да го остварите вашиот сон најважно е да поседувате способност за сонување. Тоа е еден од предусловите за да ги оставрите вашите соништа. Ништо нема да се случи ако целиот ваш живот го поминувате спиејќи. Она што се случува во вашите животи е денес и затоа преземете акција и следете го вашето срце, вашите страсти и вашата интуиција, додаде градоначалникот на свечениот чин на доделување на дипломите во дворот на Гимназијата.
Во рамки на манифестацијата беа прикажани видео презентации од класовите, а настанот беше збогатен со културно – уметничка програма.