Свечено доделени дипломите на матурантите од ОСУ „Св.Климент Охридски“

Со традиционалното фрлање на капите, вечерва, матурантите од ОСУ „Св. Климент Охридски“ го одбележаа свеченото доделување на дипломите. Свое обраќање пред матурантите имаше и градоначалникот Никола Бакрачески кој им порача: „Она што сакам да ви го порачам, треба да запомнете дека личноста со која вие најдолго проведувате во вашиот живот, сте вие самите. Затоа научете да ја респектирате вашата личност и да се респектирате себе си, бидејќи доколку тоа не го направите секогаш ќе живеете со личност која што Вас не ви се допаѓа. Не дозволувајте буката на другите гласови…

повеќе...

Охриѓанки првенци на генерација во „Јахја Кемал“

Во домот на култура во Струга, приватното средно училиште „Јахја Кемал“, вечерва го одбележа доделувањето на дипломите. На пригодната свеченост збогатена со мултикултурна уметничка програма, свое обраќање имаше директорот на училиштето, Исмаил Ердил, кој на матурантите им поска успех и во понатамошното школување. Во рамки на манифестацијата беа доделени и признанија за ученици кои постигнале успех на некои од општинските, регионалните, државните и меѓународните натпреварувања. Исто така беа прогласени и првенците на генерацијата, а тоа се Софија Димоска и Сања Симоновиќ и двете од Охрид. Софија и Сања, во своите…

повеќе...

Ристовски: Екстерното тестирање за матурантите поминува без проблеми

Денеска е последниот ден од екстерното тестирање за матурантите, не постоеја позначајни проблеми, освен она што го информиравме на првиот ден. Другите денови немаше проблеми и едноставно не добивме ниту една реакција, истакна заменик-министерот за образование и наук Спиро Ристовски кој присуствуваше на отварањето на УГД Телевизија, која е составен дел од Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип. Ристовски истакна дека очекува во наредните десет дена да има и резултати од екстерното тестирање за средношколците од завршните години. „Измени за екстерното тестирање ќе има, ние тоа и го најавивме. Но со оглед на…

повеќе...

„Генерална проба“ на матурантите од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“

Четири дена пред нивната официјално закажана матурска вечер која ќе се одржи на 19-ти мај, во вторник во хотелот Десарет, матурантите од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ веќе тренираат матурска забава во нивниот двор. Весели и разиграни со сите музички реквизити, матурантите од електромашинскиот училишен центар од Охрид, под акордите на дувачките и ударни инструменти прават генерална проба на популарните ора и ороводни песни кои најверојатно ќе бидат дел од матурската забава во вторник. WebOhrid им посакува незаборавна матурска вечер, и секако многу успех во натамошното школување. WebOhrid

повеќе...