ПС Kичево поднесе кривична пријава против Е.М. (20) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“.
На 29.07.2016 година на паркинг простор од хотел во Кичево, во згодна прилика извршена е кражба во патничко возило „Џип Чироки“ кој бил незаклучен, сопственост на Б.А. и од фиоката од совозачкото место одзел една кожна женска ташна во која имало 9.450 евра во разни апоени, 4.720 американски долари во разни апоени, златен накит и четири патни исправи, со што е причинета материјална штета во висина од околу 1.000.000 денари.