Привршуваат подготовките за јубилејното издание на Охридскиот пливачки маратон

Подготовките за годинешното издание на Охридскиот пливачки маратон се во завршна фаза. Охридскиот пливачки маратон ќе се одржи на 20. Август. Годинашното 30. по ред издание од серијата на ФИНА, ќе се плива на триесет километарската патека „Климе Савин“.

Општина Охрид и Јавните претпијатија се подготвуваат за непречено одвивање на јубилејното издание, а во тек е и подготовка на пропраните културно – забавни содржни.

И оваа година натпреварувањето ќе се одвива во две групи, женска и машка конкуренција. За потсетување на минатогодишното 29. издание на Охридскиот пливачки маратон за прв пат победник беше македонскиот пливач Евгениј Поп Ацев.