„Работиме на вадење на калта, сметот, исто уништените материјали во домовите, со цел целосно расчистување на куќите и дворовите. Процесот не е едноставен. Имаме континуирано чистење на улиците, бидејќи отпадот постојано се префрла од дворовите на улиците и тука механизацијата е целосно посветена, истакна Министерот за труд и социјална политика при денешната посета на селото Стајковци.
Тој додаде дека истоверемено започна и процесот на дезинфеција. Како што рече, околу една четвртина во текот на вчерашниот ден беше покриена во Стајковци, а се очекува да бидат завршени уште три четвртини во текот на денешниот ден.
„Исто се реализира препораката на Владата за сите деца до 13 години, жени, бремени жени, стари лица привремено да се преселат, со цел да може целата оператива непречено да продолжи“, додаде Спасов.