Вечер на ЕУ на Охридско лето

Вечерва во црквата „Света Софија”, со почеток во 21 часот ќе се одржи традиционалната „Вечер на ЕУ“.

Концерт ќе одржат Нина Костова (пијано) Македонија, Хеншел гудачки квартет (Германија), Кристоф Хеншел (виолина), Каталин Еуген Десага(виолина), Моника Хеншел Шлинд (виола), Mатиас Бејер-Карлсој (виолончело).

Нина Костова е македонска пијанистка, која во својата биографија запишува голем број значајни награди на престижни национални и интернационални натпревари. Нејзината активна изведувачка дејност ја носи на концертните сцени во Франција, Италија, Англија, Турција, Бугарија, Србија и други земји. Чест гостин е и на фестивалот „Охридско лето“, каде настапувала со камерните оркестри „Московиа“ и „Свети Ѓорѓе“.

Покрај изведувачката дејност, членовите на овој квартет редовно се појавуваат како професори-гости во најзначајните музички институции во светот, како што се Универзитетот „Јеил“ во Соединетите Американски Држави, Кралскиот колеџ за музика во Англија и Универзитетот во Мелбурн, Австралија.

Овој концерт на Фестивалот Охридско Лето е поддржан од Европската Унија.

Средствата од концертот ќе бидат донирани за жителите од Скопје и Тетово, чии домови беа поплавени во невремето.

Henschel Quartett Photo: Marco Borggreve