Концерт на виолончелистот Марк Копе и пијанистот Питер Лаул на „Охридско лето“

Во Црквата Св.Софија – Охрид, вечерва во 21 часот концерт ќе одржат францускиот виолончелист Марк Копе и рускиот пијанист Питер Лаул, во рамки на програмата на „Охридско лето“.

На програмата ќе бидат изведени дела на Л. В. Бетовен.

Францускиот виолончелист Марк Копе се смета за еден од водечките виолончелисти на денешницата. Повеќе од 20 години тој е постојан гостин во концертните сали низ светот, како солист и како камерен музичар. Во неговиот репертоар може да се најдат дела од различни периоди, но најзначајно место зазема музиката на германскиот композитор од времето на барокот – Јохан Себастијан Бах.3

Питер Лаул е руски пијанист чија концертна дејност се протега речиси низ сите земји во Европа, но и надвор од границите на овој континент. Настапува како солист и како камерен музичар, притоа соработувајќи со голем број значајни музички имиња и водечки оркестри. Добитник е на национални и интернационални награди. Има издадено повеќе компакт-дискови, а има остварено и бројни ТВ и радиоснимки во Русија и други земји.

Цената на билетот е 300 денари.

IMG_1682-673x1024