По 28ми пат одржана манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ во Велгошти

Синоќа во селото Велгошти, во близина на манастирот „Света Петка “ по 28-ми пат се одржа традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, во организација на МЗ Велгошти и  Општина Охрид.

На споменикот на „Живко Чинго“ свежо цвеќе положија заменик градоначалникот на општина Охрид, Ангел Јанев со претставници од Локалната самоуправа, претставници на Месната заедница од Велгошти, делегација на ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти.

Пред присутните се обрати заменик градоначалникот на општина Охрид, Ангел Јанев. На чествувањето, на младата охриѓанка Емилија Карафилоска, заменик градоначалникот му ја врачи наградата „Живко Чинго“ за најдобар, која изнесува 30.000 денари. Авторот Емилија Карафилоска е студент на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици. Со пишување активно се занимава од свои дванаесет години, а има учествувано на повеќе конкурси и има освоено неколку први места.

Беседа за писателот одржа драматургот Јордан Плевнеш. На крајот програмата беше збогатена со богата културно-уметничка програма.

Претходно, делегација на ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти положи свежо цвеќе пред споменикот поставен во дворот на училиштето.

WebOhrid