Според податоците на Државниот завод за статистика, во јуни 2016 се издадени 274 одобренија за градење што е за 47.3% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 405 372 илјади денари што е за 52.9% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 174 (63.5%) се наменети за објекти од високоградба, 30 (10.9%) за објекти од нискоградба и 70 (25.6%) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 274 објекти, на 169 (61.7%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 105 (38.3%) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 857 станови со вкупна корисна површина од 63 032 м2.