Света литургија по повод празникот Преображение на Господ Исус Христос

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 19ти август во црквата „Свети Ѓеоргиј“ – Струга, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Преображение на Господ Исус Христос“ со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско кичевски г. Тимотеј.

Дебарско – кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.