Во Охрид одржан Интернационалниот фолклорен фестивал „Maкедонско Сонце“

Викендов во Охруд на плоштадот „Крушевска Република“, во организација на ИФФОМ (Интернационални Фолклорни Фестивали, Охрид – Македонија) во соработка со Фолклорен фестивал „Здравко Банар“, се одржа Интернационалниот фолклорен фестивал „Македонско Сонце”.

Охрид беше домаќин на повеќе странски групи од различни држави. На овој интернационален фестивал учествуваа групи од Македонија, Црна Гора, Хрватска, Турција. Босна и Херцеговина и Романија.

На фестивалот имаше околу 280 учесници кои продефилираа низ Охридските улици.