Шкендија се враќа од Белгија со минимален пораз, но со постигнат гол во гости

Шкендија го одигра првиот натпревар против Гент од финалната фаза од квалификациите за влез во групите од Лигата Европа.

Нашиот претставник се прикажа во одлично светло на овој натпревар. Недостасуваше само концентрација во одбраната во финишот од првиот, но и во финишот од вториот дел.

Шкендија прва поведе со голот на Бесарт Ибраими во 9 минута. Шанси имаше на обете страни, а Гент изедначи во судиското надополнување (45+2) од првото полувреме со голот на Матон.

И во второто полувреме следуваше цврста битка со шанси на обете страни. Кога сите мислеа дека Шкендија ќе се врати од Белгија без пораз, следуваше исто сценарио и во судиското надополнување во финишот на натпреварот. Кулибали успеа да постигне погодок во последните моменти од натпреварот (90+2), а со тоа му донесе победа на Гент и предност пред реваншот кој ќе се игра за седум дена.

Реванш-натпреварот ќе се одигра на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје на 25 август, со почеток во 20:00 часот.

WebOhrid