Повредено лице од Лабуништа при експлозија на плинска боца

Вчера во 17:40 часот на магистралниот пат Струга-Дебар на м.в. „Мороишки Мост“ опожарено е ПМВ „Рено Трафик“ со италијански регистарски ознаки управувано од Н.Ф.(1958) од с.Лабуништа-Струга.

Горенаведеното ПМВ е опожарено додека се движело како последица од експлозија на плинска боца од 12 литри, која Н.Ф. ја превезувал во возилото. Возилото е целосно опожарено, а Н.Ф. се здобил со телесни повреди, по што бил префрлен во Општата болница во Струга, каде му била пружена неопходна медицинска помош и бил пуштен на домашно лекување. Увид на лице место извршила екипа од ПС-Струга.