Македонската кошаркарска репрезентација го претрпе и вториот пораз на силниот меѓународен „Трофеј на Македонија“ кој во изминатите три дена се играше во СЦ Јане Сандански. Нашиот национален тим во последниот меч на турнирот загуби од селекцијата на Босна и Херцеговина со 75-69, (26-20,14-13,17-27,18-9).Црвено жолтите со скор од една победа и два порази Трофејот на Македонија го завршија на четвртата позиција зад победникот Белгија(2-1), Црна Гора(2-1) и БиХ(1-2).
Во првите две четвртини нашите најдобри кошаркари беа далеку од игрите и изданијата од претходните две кола.
Но по паузата избраниците на Раца на стартот на третата делница влегоа во посакуваниот ритам и преку расположениот Тревис и стандардно добрите Војдна и Дамјан Стојановски успеваат да направат резулататски пресврт. Кога сите очекуваа во ист стил нашите најдобри кошаркари да го одиграат и решавачкиот четврти период, на осум минити пред крајот имавме водство од 65-59. Кошаркарите на Босна и Херцеговина прават серија од 12-0 и стигнуваат до предност од 71-65, која знаеа да ја сочуваат до самиот крај на средбата. Халиловиќ и Телетовиќ во последните минути д средбата не дозволија црвено жолтите да направат уште еден пресврт.
Најефикасни во редовите на нашиот национален тим се Ромео Тревис со 16, Костовски со 14 и браќата Војдан и Дамјан Стојановски со 11 односно 10 поени.
Победничкиот пехар на капитенот на Белгија Табу му го предата претседателот на МКФ , Петар Наумоски, првиот човек на македонската федерација им додели и плакети на капитените на Црна Гора, Босна и Херцеговина и Македонија, Бојан Дубјевиќ, Мирза Телетовиќ и Војдан Стојановски.