Охридски Хорски фестивал 2016 по деветти пат во Охрид

Охридскиот хорски фестивал е манифестација која оваа година, традиционално, ќе се одржи во Охрид по деветти пат во организација на Охридскиот хор. Почетокот на фестивалот е закажан на 25.08.2016 (четврток), а ќе трае до 29.08.2016 (понеделник). На фестивалот се пријавени да учествуваат 22 хорa од 11 европски земји.

Фестивалот има ревијален дел и натпреварувачки дел кој опфаќа неколку категории. Пријавените хорови ќе се претстават на натпреварувачките концерти, концертите на духовна музика, поп и фолк.

Жири комисијата ја сочинуваат реномирани лица од музичкиот свет и тоа: Габор Ковач (Унгарија), Запро Запров (Македонија) и Илија Рајковиќ (Србија).

Концертите од фестивалот ќе се одржуваат во Дијамантската сала на хотел Инекс Горица и црквата Св.Кирил и Методиј (католичка црква), а во состав на отворањето хоровите ќе изведат кратка програма на отворено.

Фестивалот еподдржан од Министерството за култура, Општина Охрид, Охридска банка и други.

Четврток 25 Август 2016 Отворање 19ч Дијамантска сала Хотел Горица,

Настапи на отворено 21ч во центарот на Охрид

Петок 26 Август 2016 Духовен концерт 10ч Католичка црква „Св.Кирил и Методиј“,

Натпреварувачки концерти 17ч и 18ч Дијамантска сала Хотел Горица

Сабота 27 Август 2016 Поп концерт 11ч Дијамантска сала Хотел Горица,

Натпреварувачки концерти 17ч и 18ч Дијамантска сала Хотел Горица

Недела 28 Август 2016 Фолк концерт 10чДијамантска сала Хотел Горица

Понеделник 29 Август2016 Натпревар финале 10ч Дијамантска сала Хотел Горица,

Конференција за хорско диригирање и интерпретација и доделување на дипломи и признанија.

Влезот е слободен, а за посетителите кои ќе го најават своето присуство подготвени се пригодни изненадувања. Повеќе информации за фестивалот:www.ohridchoirfestival.com.