Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 27 ми август (сабота), во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско – Охрид, со почеток во 17.00 часот, ќе се служи празнична вечерна богослужба со опело, по повод храмовиот празник „Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица“. На вечерната богослужба ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
На 28. август 2016 година (недела), со почеток во 9.00 часот ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски г. Тимотеј.
На овој ден богослужба ќе има само во црквата „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ – Охрид (едноцрквие).
Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.