Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод катастрофалниот земјотрес во централна Италија, испрати писмо со сочувство до претседателот на Италијанската Република, г. Серџо Матарела.
„Почитуван господине Претседател,
Со голема тага ја примив веста за катастрофалниот земјотрес во централна Италија и искрено жалам за загубените животи од оваа голема трагедија.
Во овие тажни моменти за Вас, за граѓаните на Италијанската Република и за семејствата на настраданите и повредените, дозволете ми, од името на граѓаните на Република Македонија и од мое лично име, да Ви упатам изрази на длабоко и искрено сочувство.
Во овие моменти на тага, кога нашите мисли и молитви се со Вас и со семејствата на настраданите, искрено посакувам обновување на разрушените домови и брзо опоравување на погодениот регион.
Ве молам, господине Претседателе, изразите на сочувство да ги пренесете до семејствата на трагично настраданите.“ – се вели во писмото.