Грчката државна фондација доделува стипендии за 50 кандидати за посета на курсеви и семинари во Грција

Грчката државна фондација за стипендии (I.K.Y.) за академската 2017-2018 година доделува стипендии за 50 (педесет) кандидати за посета на курсеви и семинари во Грција на странски студенти за изучување на Модерен грчки јазик и култура

Услови и критериуми за аплицирање

1. Да не се државјани на Република Грција.

2. Да имаат завршено универзитетско образование , во други земји (освен во Р. Грција).

3. Да не се постари од 40 (четириесет ) години до 1.01.2017 г.

4. Да немаат постојан престој во Грција.

5. Знаењето кое ќе се здобие од некои од понудените курсеви треба да придонесе во можностите за работа на кандидатот и за промовирањето на грчкиот јазик и култура во светот.

Подетални информации како и формулари за аплицирање може да се добијат во Канцеларијата за врски на Република Грција во Скопје или на интернет страната на Фондацијата (http://www.iky.gr)

Апликациите се доставуваат индивидуално во Канцеларијата за врски на Република Грција во Скопје и он-лајн на горенаведената интернет страница.

Крајниот рок за поднесување на комплетните документи формуларите за аплицирање за стипендиите во Канцеларијата за врски е 6 септември 2017 година.