Селекторот Ангеловски го објави списокот на фудбалери за натпреварот против Албанија

Селекторот на А репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за воведниот дуел од квалификацискиот циклус за пласман на СП 2018 против Албанија во Скадар. За натпреварот кој ќе се одигра на 5. септември, селекторот Игор Ангеловски ги повика следните фудбалери:

Spisok-albanija

Селекторот, по објавувањето на списокот даде свое видување за формата на екипата и очекувањата од новиот квалификациски циклус.

„На прагот сме на нов квалификациски циклус во кој очекувам репрезентацијата на Македонија да остварува подобри резултати во однос на изминатите два циклуса. И без разлика на силата на репрезентациите во групата верувам дека овие фудбалери се подготвени и имаат квалитет да го направат тоа.

Мислите ни се насочени кон натпреварот со Албанија, ме радува моменталната форма на повиканите играчи и се надевам дека во наредните денови ќе имаме мирни тренинзи, квалитетни подготвки и здрави фудбалери.

Влегуваме максимално ангажирани и ќе се обидеме сето тоа да го пренесеме на теренот со цел позитивно да влеземе во квалификациите за СП.

Жал ми е што Александар Трајковски поради повреда не е во можност да помогне на овој натпревар, но се надевам дека брзо ќе се опорави и ќе го имаме веќе во октомври.

Она што го најавував и претходно, дека поголем дел од играчите од составот до 21 година ќе бидат вклучени во најдобрата селекција, сеуште е мој став, но пред нив се два клучни натпревари за пласман на Европско Првенство и се надевам дека ќе бидат успешни“, – изјави на прес-конференцијата селекторот на А репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски.