Струга домаќин на Balkan Changemakers’ Weekend

За прв пат досега, речиси 20тина луѓе од седум земји од Југоисточна Европа ќе се соберат за работен викенд со цел да се креираат решенија за критични проблеми кои го кочат растот на start-up екосистемите во регионот: Како да се продолжи да се инспирираат и мотивираат луѓето да се стремат кон претприемништво и развивање иновативни бизниси?

Ова е почетен настан, организиран од страна и за млади луѓе кои имаат заедничка визија за поттикнување на претприемништвото и start-up екосистемите во нивните земји, преку соработка и размена на знаења и искуства. Во текот на овој викенд ќе се соберат лидерите од дигиталните заедници на Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Косово, Македонија и Србија, со цел да се изработат најмалку две- три пилот иницијативи кои ќе се имплементираат во целиот регион во текот на следните месеци.

Организациските напори за овој настан се признаени и поддржани од страна на SECO програмата за претприемништво (SECO EP), проект кој е поддржан од Владата на Швајцарија и имплементирани од страна Swisscontact, заедно со J.E. Остин.

„Само погледнете како идеја за која дискутиравме на кафе, се претвори во ад-хок настан. За помалку од 3 недели, успеавме се да организираме и да ги собереме сите овие креативни луѓе, да дојдат во Струга за работен викенд. Многу сум среќна што ја имам оваа можност да сум дел од организацискиот тим на Balkan Changemakers’ викенд кој е прв настан од ваков тип и сум супер возбуденa да видам какви проекти ќе успееме да развиеме. Оваа иницијатива е исто така тука за да се покаже дека стартап заедници од балканските земји можат да соработуваат и да прават промени заедно. Се надевам дека овој настан ќе стане традиција и следната година ќе имаме и други балкански земји кои ќе се приклучат.“ – рече Нина Николиќ, SECO EP Eco-system facilitator во Македонија и главен организатор на BCW.

Balkan Changemakers’ викенд ќе започне во петок, 26-ти август, на брегот на Охридското Езеро во Струга, Македонија. Меѓу учесниците, има претставници од SECO EP- Македонија, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина; Oficina во Тирана, Албанија; HUB385 во Загреб, Хрватска; Иновативен центар во Косово и УНИЦЕФ иновации Lab Косово во Приштина, Косово; и StartUp Grind и Startup Weekend во Скопје, Македонија. Исто така, присутни ќе бидат членови на start-up заедниците, како и основачи на стартапи вклучувајќи ги Imagga од Бугарија, Vollo од Хрватска и Brainster од Македонија.

„Кога ќе патувте низ Балканот, ќе сфатите дека најголемиот дел од луѓето се жалат и песимизмот им е длабоко под кожата. Но, постојат неколкумина исклучителни луѓе кои тешко се справуваат со „статус кво“. Здружување на овој тип на луѓе во една просторија, ќе ја направи истата многу влијателна.“ – вели  Армин Коњалиќ, регионален директор, East-West Digital News и главен организатор на BCW.

„Изминатите два месеци ги поминав патувјќи низ Балканските земји и истражувајќи ги start-up заедниците во Југоисточна Европа, учејќи за тоа какви претприемачките можности им се нудат на младите во регионот. Забележав дека има мноштво на брзо-растечки организации посветени на технологијата и претприемништвото. Сепак, тоа бара тим од креативни, информирани и посветени умови кои ќе помогнат околу тоа како да се инспирира многу поширок спектар на луѓе да им се пријде во нивните животи со претприемачки начин на размислување и да „ги нурне“ во старт-ап светот – Мислам дека успеавме да собереме група на учесници кои се добро потковани за да се справат со овие предизвици. Премногу сум среќна и задоволна од соработката со Нина и Армин, како ко-организатори, заеднички успеавме да го склопиме овој настан кој ќе биде дел од еден ран чекор во прекуграничната соработка за да се поттикне растот на start-up екосистемите во регионот “. – истакна Мерилин Харис, alumna, Stanford University и BCW главен организатор.