Од следната недела, Скопското Кале ќе биде епицентар на пивско и музичко уживање во Скопје. Покрај нашите пивари кои со години прават одлично македонско пиво, за првпат посетителите ќе имаат можност да дегустираат пиво од првата македонската микро пиварница „Темов“.
Со производство под светски услови, карактеристично за пивата „Темов“ е тоа што воопшто не се разликуваат од најквалитетните пива на европскиот пазар- чешките, германските, белгиските, англиските.
За разлика од големите пивари, количеството во микропиварите е со лимитирани количини и го нема во слободна продажба низ маркетите.
Под строго контролирани услови, како и франшиза која бара квалитетни состојки за производство, оваа пивара произведува 9 уникатни вкусови.
Главни одлики на овие пива се што не содржат никакви хемикалии и адитиви, богати се со витамини и здрави хранливи состојки.
Деветте видови на пиво се особено интересни за странците кои доаѓаат во Македонија, кои во својата туристичка агенда секако ја вклучуваат и посетата на микро пиварницата, како нов заштитен знак на Скопје.
Од 31 август до 4 септември, на „Пиволенд“ ќе имаме можност да пробаме од следните пива:
Пилс Чаршиско со златна жолта боја, Гоце Делчев Темен пилс, Скендербег црвен пилс, Калдрма чадено пиво, Индиа Ипа, Рис Лагер, Јаболков Сајдер, Бохемијан Пилс, Данкел Вајзен, Вајзен Бело Пиво. Пивата се поделени на лагер, але и пченични пива.
Интересно е што тука се произведува и првиот јачменов сок во Македонија кој се препорачува за зајакнување на имунитет како и при здравствени проблеми.
На Кале, професионалците од Пивара „Темов“ ќе ви го објаснат процесoт на правење на пивото и ќе ви ја откријат тајната на совршениот вкус.
Покрај овие нови вкусови за нашето поднебје, на фестивалот сите пивопијци ќе можат да пробаат и пивски коктели, специјално подготвени со пивата „Темов“.