Едно лице загина во сообраќајка на патот Струга – Охрид

Вчера околу 06:10 часот на регионалниот пат Струга-Охрид во близина на бензинска пумпа се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ„Пежо“ со охридски регистарски ознаки управувано од Н.Ј.(1977) од с.Оровник и ПМВ „Хјундаи“ исто така со охридски регистарски ознаки управувано од Љ.Ч.(1961) од Охрид.

Н.Ј. бил пренесен во болница „Св.Еразмо“, каде им подлегнал на повредите. Увид извршила екипа од СВР Охрид.