Вчера околу 19:00 часот во с.Врбјани – Охрид, К.Б. вработен во ловно друштво „Славеј“ проверувајќи ја ловната пушка во дворот на сопствената куќа, испукал према Д.Р. (1963) од с.Врбјани – Охрид, вработен како ловочувар во ловно друштво, при што го повредил во пределот на двете подколеници.
Д.Р. е префрлен во МЦ-Охрид за укажување на лекарска помош, каде што му се констатирани телесни повреди. Увид на лице место извршила екипа од СВР Охрид.