Градоначалникот Бакрачески учествуваше на средбата Иванов – Човиќ

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески вчера присуствуваше на средбата помеѓу Претседателот на Р. Македонија, Ѓорге Ивано и Драган Човиќ, член на Претседателството на Босна и Херцеговина.

Во улога на домаќин Градоначалникот Бакрачески заедно со високите гости беше на разглед низ културно –историските обележја и знаменитости на Охрид.

Претходно на работна средба, Иванов и Човиќ разменија мислења за состојбите во регионот, во контекст на актуелните предизвици и неговите евроатлантски перспективи. Членот на претседателството, г. Човиќ го запозна претседателот Иванов со актуелните политичко-економски состојби во БиХ и со клучните предизвици на БиХ во наредниот период. Претседателот Иванов го реафирмираше интересот на Република Македонија за севкупно продлабочување на односите и соработката со БиХ и ја нагласи поддршката на евроатлантските интегративни процеси и подготвеноста за соработка меѓу двете земји на тој план.