Во рамки на своите едукативни програми и позитивните искуства Црвен крст Охрид започнува нов циклус на подготовка на кандидати за полагање на TOEFL (Test of English as a Foreign Language) која во вид на часови ќе започне на 29 септември 2016 г, а ќе ја спроведува тим на професори по англиски јазик, предводен од Александер Џоунс, волонтер на Мировен корпус Македонија кој работи во организацијата на Црвениот крст Охрид.
TOEFL (Test of English as a Foreign Language) е најраспространет и светски прифатен тест за проверка на знаењата за англискиот јазик. 9000 унвирезитети, колеџи, агенции го признаваат тестот и тоа во 130 земји ширум светот вклучувајќи ја и Македонија. TOEFL е тест кој исто така се користи за докажување на познавањето на англискиот јазик за државната администрација во Македонија.
Повеќе детали околу подготвителната настава можат да се добијат во просториите на Црвен крст Охрид или на тел. 046 262-706 и 070 315309.