Во согласност со Федералниот закон од 22 февруари 2014 годинна № 20-ФЗ „За избори на пратеници во Државната Дума на Федералното Собрание на Руската Федерација“ и Указот на Претседателот на Руската Федерација од 17 јуни 2016 година № 291 „За именување на Пратениците во Државната Дума на Федералното Собрание на Руската Федерација во нов состав“ на 18 септември 2016 година (недела) ќе се спроведат избори за пратеници во Државната Дума на Федералното Собрание на Руската Федерација, информираат од Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид.
Со цел да се реализираат избирачките права на руските граѓани кои живеат во Република Македонија, во Амбасадата на РФ во Скопје (ул. Пиринска, бр. 44, тел. 02/311-71-60) од 8:00 до 20:00 ч. ќе биде отворено избирачко место за гласање.
Граѓаните на РФ, кои живеат на територијата на општините кои влегуваат во конзулскиот округ на Почесниот конзул на Русија во Охрид (Охрид, Дебрца, Вевчани, Дебар, Демир Хисар, Кичево, Ресен, Струга, Центар Жупа) можат да го остварат правото на гласање од 8:00 до 20:00 ч. на 16 септември 2016 година (петок) на избирачкото место во просториите на Почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид (Конгресен центар, Коњско, тел. 075/255-737).
Граѓаните на РФ, кои живеат на територијата на општините кои влегуваат во конзулскиот округ на Почесниот конзул на Русија во Битола (Битола, Кривогаштани, Крушево, Могила, Новаци, Прилеп) можат исто така да го остварат правото на гласање од 8:00 до 20:00 ч. на 17 септември 2016 година (сабота) на избирачкото место во просториите на Почесниот конзул на Руската Федерација во Битола (ул. Маршал Тито, бр. 28, тел. 078/251-356).
Руските граѓани со постојано место на живеење во Македонија или кои се наоѓаат тука по приватни покани, во службени, работни или туристички посети, можат да учествуваат во изборите гласајќи на едно од назначените избирачки места, при што со себе треба да имаат важечки руски пасош, се вели во соопштението на Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид.