Во периодот 14-15.9.2016 г. во Хаг, седиштето на Европол се одржа Конвенција на Шефови на полиции во Европа (European Police Chiefs Convention – EPCC). Настанот беше во организација на Европол и Словачкото претседавање со ЕУ. Повеќе од 450 Шефови на полиции, високи функционери од Европа и пошироко се сретнаа во седиштето на Европол. Оваа година забележан е рекорден број учесници од моментот кога за прв пат е организирана Конвенцијата во 2011 г. Делегацијата од МВР беше предводена од државниот советник Горанче Савовски.
Настанот привлече и високи претставници од земјите-членки на ЕУ, како и Албанија, Алжир, Австралија, Босна и Херцеговина, Бразил, Канада, Кина, Колумбија, Египет, Грузија, Исланд, Израел, Јордан, Либан, Либија, Лихтенштајн, Република Македонија, Молдова, Мароко, Норвешка, Палестина, Србија, Швајцарија, Црна Гора, Тунис, Украина и САД. Исто така, на настанот беа присутни и претставници од Интерпол, Светската Царинска Организацијаи институции и агенции на ЕУ, како и претставници од приватниот сектор и академските кругови.
Оваа година присутните дискутираа на теми, кои што се однесуваат на безбедноста на ЕУ и пошироко, како што се миграциската криза и тероризмот, како и за начините на кои дигиталниот развој во денешно време влијае на полициската работа.
Листата на истакнати говорници ги вклучуваше: Tibor Gašpar – Претседател на националната полиција во Словачка, Jürgen Stock – Генерален секретар на INTERPOL, Kunio Mikuriya – Генерален секретар на Светската Царинска Организација и Шефот на Италијанската полиција – Franco Gabrielli.
Во рамки на Конвенцијата, се одржа и состанок на Асоцијацијата на Шефови на полиции од Југо-Источна Европа (SEPCA – South East Europe Police Chiefs Association), како и воведна конференција на Проектот „Euromed Police IV“, чија цел е поддршка на земјите-членки на ЕУ од регионот на Јужна Европа во справување со заканите предизвикани од тероризмот и организираниот криминал.
Исто така, во рамки на Конвенцијата, посебна средба остварија Директорите на царинските управи да разговараат за тековната соработка со Европол, но и за дискутирање на можности за продлабочување на истата.
На маргините на Конвенцијата се одржаа преку 120 билатерални и мултилатерални состаноци, на кои шефовите на полиции дискутираа за оперативни прашања и натамошно унапредување на соработката.
Директорот на Европол – Rob Wainwright, изјави: „Одѕивот на EPCC покажува дека Европол прерасна во цврсто воспоставен дом за заедницата на органи надлежни за спроведување на законот од Европа, обезбедувајќи уникатна платформа за дискутирање на заеднички прашања од полициското работење. Само преку размена на најдобри пракси меѓу Шефовите на полиции и создавање на заедничка визија за безбедноста на нашите граѓани, ќе бидеме способни за справување со најактуелните закани по нашата безбедност. Европол е горд што дава поддршка во напорите на земјите-членки, преку организирање на Конвенција на Шефови на полиции во Европа секоја година.