Минимален пораз на Македонија на гостувањето во Унгарија

Четврти пораз на македонската кошаркарска репрезентација во квалификациите за пласман на Евробаскетот во 2017 година. На гостувањето во Солнок во поседното 6 коло од групата Г, нашата селекција претрпе минимален пораз од најдобрата репрезентација во групата Унгарија од 63-61 ( 18-25,14-12,14-9,17-15).

Во натпревар во кој во нашиот тим недостасуваше натурализираниот Македонец Ромео Тревис, а во редовите на домаќините лидерите на тимот Ханга и Војвода, македонските кошаркари ја одиграа најдобрата четвртина во квалификациите. Црвено жолтите ја добија воведната четвртина со 25-18, но на полувината од првиот период избраниците на Раца водеа и со 20-7.

Унгарија играчки и резулататски се врати во мечот уште на почетокот на втората четвртина со серија од 9-0 стигнуваат до 27-25. Во продолжението повторно започна да функционира нашата одбрана на полувреме заминавме со позитива од 37-32. Унгарија го засили темпото на отварањето во второто полувреме, го презеде водството, но, до крајот на средбата македонскиот состав беше во резултатски егал против фаворизираниот и силен домаќин.

Во последната две минути по тројката на и денеска одличниот Костоски Македонија во последните 60 секунди влезе со негатива од 61-60. Но домаќините во следниот напад се сигурни од линијата за слободни фралања за предност од 63-60. Во последниот напад Унгарците прават паметен фаул над Костоски, недозволувајќи нашите кошаркари да упатат шут за три поени.

Македонсиот плејмејкерот го погоди првото, потоа намерно го промаши второто слободно фрлање, но нашите центри не успеаја да стигнат до топката и Унгарија го доби мечот со 63-61.

Костоски и Јаневски со 18 односно 14 поени беа двајцата најефикасни кошаркари во нашиот тим, кај домаќините ференц постигна 18 коша.

Македонската селекција на крајот на натпреварите во групата Г со скор од две победи и 4 порази го освои третото место зад Унгарија со 6 победи и Британија со3 победи и два порази.